| четврток, 6 декември 2018 |

Меси ќе ја наполни шпанската државна каса со 33 милиони евра

Лионел Меси ќе треба да уплати 32,9 милиони евра во државната каса на Шпанија, по обидот да затаи данок во периодот од 2007 до 2009 година во висина од 4,1 милиони евра.

Сумата што ќе ја плати Аргентинецот е речиси десеткратно зголемена, а вклучени се и казнени пенали. Меси постигна договор со шпанските власти, кои нема да го гонат кривично. Според договорот, напаѓачот на Барселона ќе плаќа на рати до 2018 година, а нема да има кривична постапка. Како олеснителна околност за Меси е земен предвид фактот дека тој не ги познавал даночните закони во Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top