Хрватската пејачка Јелена Розга беше гостинка во српската музичка програма „Браво шоу“, заедно со голем број српски ѕвезди. Но, „џебната Венера“ ги разбесни нејзините српски колеги бидејќи доцнела на снимањето цели три часа.
Според српските медиуми, поради доцнењето на Јелена Розга, снимањето било одложено, па сите останати гости морале да чекаат со часови.
Кога таа конечно дошла во студиото, побарала да настапи преку ред за да заврши побргу, што уште повеќе ги налутило нејзините колеги, кои во студиото пристигнале еден час пред договорениот термин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.