| четврток, 6 декември 2018 |

Кордоба по 42 години се враќа во Примера

Екипата на Кордоба, по 42 години, повторно ќе биде член на Примера откако во реваншниот натпревар за пласман во Првата лига, со неверојатен расплет, дојде до посакуваното место.

Откако на првиот натпревар на домашен терен Кордоба одигра 0:0, во реваншот кај Лас Палмас беше 1:1, доволно за голема радост на гостинските фудбалери.

Апоно во 48. минута го доведе Лас Палмас во водство, изедначи Улисес Давиља во 90. минута. По изедначувањето, поголема група навивачи влегоа на теренот и натпреварот десетина минути беше во прекин.

Претходно, место во Примера обезбедија Еибар и Депортиво ла Коруња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top