Претседателот на ОМД Методија Коловски информираше дека е формирана група за пријателство која брои 20 члена и во која веќе има 35 конгресмени од САД и ЕУ кои ќе лобираат за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.
Како што посочи Коловски, постои и група антилобисти кои што работат против македонската кауза и тоа нив ги охрабрува за да работат уште поинтезивно во насока на признавање на македонскиот јазик и култура.
-Ставот на ОМД во врска со името на Македонија е дека не прифаќаме никакви промени на уставното име на Македонија и заедно со меѓународната заедница работиме за да ги информираме и да им покажеме зошто е толку важно прашањето за името за Македонија- посочи Коловски
Во текот на идната недела ОМД ќе го објават извештајот за македонското православно малцинство во Грција и другите етнички малцинства. Овој извештај ќе биде испратен до различни инстутиции во САД и ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.