| четврток, 6 декември 2018 |

Девојче испратило неодоливо писмо до „Гугл“, тие и ја исполниле желбата (ФОТО)

Вработен во „Гугл“ ќе има слободен ден благодарение на неодоливата порака која ја напишала неговата ќерка. Таа ги замолила наместо во сабота, нејзиниот татко да не работи во среда за да може да биде дома за неговиот роденден.

pismo-500

Драг Гугл  те молам, дали може мојот татко кога ќе дојде на работа да добие еден слободен ден? На пример тоа да биде среда. Бидејќи тој е слободен само во сабота. П.С. Роденден му е, напишало девојчето.

Даниел Шиплацоф, неговиот директор го видел писмото и на девојчето му пратил одговор.

odgovor-500

-Драга Кејти, ти благодарам за писмото и барањето. Твојот татко работи многу вредно и дизајнираше прекрасни работи за Гугл и милиони луѓе ширум светот. Бидејќи му е роденден, а ние смета дека е важно да има некоја среда слободна за време на летото, одлучивме да му дадеме цела недела слободна во јули. Уживајте – стои во одговорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top