Украинската национална гарда продолжила со гранатирање село во регионот на Лугањск и покрај објавеното примирје, соопштија од самопрогласената Народна Република Лугањск.
Како што јави ИТАР-Тасс и покрај примирјето украинските власти продолжиле да го гранатираат селото Ананијевка додека во градот Лугањск изминатата ноќ била мирна.
Мали судири се регистрирани во бллизина на пограничен пункт, наведоа од Лугањска Република чии припадници држат три погранични пунктови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.