Македонија ремизираше со Кина без голови во Јинан во вториот пријателски меч со оваа репрезентација, а загрижува податокот што не сме постигнале погодок цели 360 минути, или на последните четири натпревари.
Првиот дуел на мини-турнеата во Кина го загубивме со 0-2, а претходно загубивме со идентичен резултат од Камерун во Куфштајн, Австрија и одигравме без голови со Катар во Риети, Италија.
И претпладнево во Јинан македонските напаѓачи не успеаја да ја затресат мрежата, па гол-постот трае цели 360 минути. Македонија на турнеата во Кина замина во состав во кој гротоиграчи се од домашното првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


