Чадот од скарите поставени на отворен простор, пред угостителските објекти, во централното градско подрачје од оваа летна сезона па натаму нема да го има. Овој вид храна ќе се продава исклучиво во рестораните и сендвичарите.
– Толеранција ќе нема , инспекторите ќе работат во три смени и ќе се контролира се што е во наша надлежност, на територијата на целиот град, а посебно во центарот на Охрид. Постојано ќе се контролира дали се почитуваат одобренијата за поставување урбана опрема и дали фактичката состојба на објектите е во согласност со проектот за кој е издадено одобрението, а непрекинато ќе се контролираат и останатите прекршоци,вели Никола Милески од општинскиот инспекторат.
Тој потенцира дека ќе се вршат и строги контроли за бучавоста во градот.
– Законот мора да се почитува. За нарушување на јавниот мир со бучавост поголема од одобрената, ќе следат казни во висина од 3000 до 7000 евра, потенцира Милески.
Од центарот на Охрид годинава ќе изостанат и тезгите на кои се продаваа пченки, крофни , печени кикирики , палачинки. Согласно законот, храна може да се продава само во објекти за таа намена, кои мора да исполнуваат одредени стандарди ХАСАП стандарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.