| четврток, 6 декември 2018 |

Зекир Ајруш од Охрид освои бронзен медал на еколошка олимпијада во Њујорк

Средношколецот Зекир Ајруш од Охрид освои бронзен медал на Интернационалната средношколска олимпијада ,,GENIUS 2014”, која се оддржуваше во Њујорк, САД од 15 до 19 јуни 2014 година, објави „Охрид њуз“. На ова престижно натпреварување учествуваа ученици од целиот свет со над 800 пријавени проекти.

slika

Шеснаесетгодишниот Зекир, бронзениот медал го освои претставувајќи го својот проект – фотографија на која го прикажува сметот кој го крие Охридското Езеро, како и обидите на луѓето истиот да го сокријат, наместо да изнајдат начин и да го исчистат. На фотографијата е претставено и дете кое ја открива тајната која возрасните сакаат да ја сокријат.

poster

Главната идеја на младиот Зекир е да ја прикаже состојбата со отпадот во водите и да пренесе порака за почиста околина, која треба да допре до свеста на идните генерации.

СЛИКА_ДЕТЕ_4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top