| четврток, 6 декември 2018 |

Првенство на триатлон денеска во Дојран

Денеска во Дојран ќе се одржи Триатлон првенство Дојран 2014. Настанот е со почеток во 10:30 часот под јаворите во Стар Дојран. Натпреварувачите ќе се натпреваруваат во категориите: Сениори, Јуниори, Мастерс, Кадети и Пионери.

Ќе има натпревари во Категорија Пливање Велосипедизам Трчање
Сениор- ки, Јуниори -киМастерс 750 м 20 км 5 км
Кадети-ки 375 м 10 км 2.5 км
С Пионери/ки  200 м 5 км  1250 м
М Пионери/ки 100 м  2.5 км 600 м

Транзиција/Бокс ќе биде поставен пред Општина Дојран. Патеката на возење ќе биде на патот кон Грција за Сениори, Јуниори и Мастерс (за другите категории возење покрај обала), а трчањето ќе биде на кејот околу езерото. Еден Круг велосипедизам – 5 км, 1 круг трчање е 2.5 км. Маршутата ќе биде појаснета  пред стартот на трката. Право на учество, сите регистрирани спортисти во ТФМ членови на клубовите. Спортистите мора да бидат осигурани и лекарски прегледани.

Доделување на дипломите и медалите ќе биде по завршување на сите трки, околу 13.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top