| четврток, 6 декември 2018 |

Јоноски и Велко Маркоски продолжуваат со Металург

metalurg-vardar-4

Тандемот одбранбени играчи на Металург и на македонската репрезентација Ацо Јоноски и Велко Маркоски ги продолжија договорите со Металург и во следните две сезони ќе бидат дел од македонскиот шампион. Ова за двајцата ракометари се трети договори со тимот од Автокоманда.

– Моите амбиции се совпаѓаат со амбициите на клубот и веднаш најдовме заеднички јазик околу новиот договор. Не  очекува доста тешка сезона за да ги повториме и подобриме резултати остварени сезонава што измина, истакна Јоноски.

Велко Маркоски, ја продолжува соработката со клубот каде втора сезона ќе игра заедно со својот брат Никола.

– Чекавме да спласне репрезентативната еуфорија и да потпишиме нови договори. Тоа што го направивме во изминативе четири години не се мери со ништо, но јас и остатокот од екипата сакаме тоа да го надградиме, изјави Маркоски.

Од Металург најавуваат дека и во следниот период ќе се обидат да донесат уште некое засилување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top