| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се сепаратистите и што тие сакаат? Враќање кон СССР

Изгледа дека во Украина има граѓанска војна, иако повеќето Украици не сакаат нешто такво, како што покажаа резултатите од изборите на 25 мај. Проруските сепаратисти на истокот всушност воглавно сакаат да се вратат на нивниот живот во советски стил.

Со поговорката, која вообичаено му се припишува на Троцки: „Можеби и не сте заинтересирани за војна, но војната е заинтересирана за вас“, може да се опише украинскиот конфликт, кој сега ги има скоро сите елементи на граѓанска војна: добро вооружени ривалски страни, спротивставени гледишта за историјата и иднината и странски подржувач и спонзор за источноукраинските сепаратисти – Русија. Но, недостасува критичната состојка во апетитот за војување меѓу поголемиот дел од населението.

Повеќето Украинци прават се што можат да се грижат за своите бизниси, но и покрај тоа какви се нивните гледишта, велат и дека ги гледаат рускиот и украинскиот народ како братски нации и не сакаат војна. На претседателските избори од 25 мај, насекаде имаше висока излезност на гласачките места – освен на истокот, каде проруските сепаратисти ги блокираа избирачките места – а Украинците му дадоа недвосмислена подршка на кондиторскиот магнат Петро Порошенко, со 54 проценти гласови. Руската влада рече дека ќе ја почитува волјата на украинските глсачи и изрази спремност да соработува со новата администрација во Киев.

Но, останува да видиме дали изборот на Порошенко ќе помогне да се избегне насилството. Проруските сепаратисти делуваа со провокации и спречуваа повеќето луѓе во регионот на Доњецк да гласаат (само 16 проценти од регистрираните гласачи излегоа на гласачките места) и сега продолжуваат со напади во кои во изминаите недели загинаат десетици души – вклучувајќи го и големиот напад на аердодромот во Доњецк, кој тие го освоија дента по изборите – со што демонстрираа дека имаат намера да го подријат територијалниот интегритет на Украина.

Пред последната ескалација на насилство, еден проруски милитант во Славјанск ми рече: „Се бориме за мир“. Тој немаше име и лик (беше скриен зад балаклавата – маската под неговиот шлем) и стоеше на контролен пункт на патот во овој индустриски град во источна Украина. Советски и руски знамиња се вееја зад луѓето од Доњецката Народна Република, самопрогласена држава која проруските милитанти се обидуваат да ја создадат за себе во регионот на Доњецк; нивно знаме е руското, со двоглав орел, а белата лента е заменета со црна за да ја претставува земјата црница во Доњецк.

– Тие сакаат војна, рече милитант со балаклава покажувајќи кон два украински воени хеликоптери кои го надлетуваа Славјанск. Беше облечен во маскирна униформа и имаше треперлив, пубертетски глас. Веднаш се сетив на „Господарот на мувите“ од Вилијам Голдинг, во кој брутален лидер на деца бунтовници е тинејџер и многу млад.  Истата слика ја има на секоја барикада и контролен пункт во Мариуопољ, Доњецк и насекаде во источна Украина: кога милитантите ќе ги соблечат балаклавите или хируршките маски, моќта за сеење страв исчезнува. Повеќето од нив се млади и невработени, останатите се бедно платени работници во челичарници или во тешката индустрија низ целата територија на источна Украина.

Им недстасува опременоста на другите маскирани мажи, кои носат посеризона необележана униформа и стојат во близина на контролните пунктови, чија појава е резултат на обученост која со оружјето дава самодоверба додека ги проверуваат личните исправи. Се што им кажуваат на странците е „без коментар“. Изгледаат како маскираните „зелени луѓе“ кои ги заземаа украинските воени бази на Крим по анексијата од страна на Русија. Русите кажуваа дека не распоредиле војници во источна Украина, но исто така велеа и дека не испратиле војници на Крим, се додека претседателот Владимир Путин не призна дека маскираните мажи во необележани униформи се руски војници.

– И оние кои беа распоредени на Крим беа изненадени кога открија каде се, вели Лариса Мамчур, жена на поручникот Јулиј Мамќчур во украинското Воено воздухопловство, кој бил командант на воздухопловната база Белбек во близина на Симеропол во време на заземањето од страна на Русите. – Мислеле дека се распоредени долж границата со Русија. Беа шокирани кога дознаа дека се на Крим.

Volunteers for pro-russian forces

Стариот прирачник за војување

Употребата на сила во необележани униформи му припаѓа на стариот прирачник за војување источно од Дунав. – Огромниот кинески контингент во Корејската војна, на пример, требаше да биде составен од волонтери, а Советите никогаш не признаа дека нивни пилоти управувале со ловци на севернокорејска страна, вели д-р Филип Поул, професор по меѓународни односи на Универзитетот Кемебриџ. – Ваквото настапување е прлично корисно како сигнал дека страната која спонзорира доброволци сака да го одржува конфликтот ограничен, дури и кога е транспарентен.

Русите користеа многу постар принцип за заземање на Крим, следејќи исти упатства кои ги кристеа кога прво го анкетирале полуостровот во 1783 година, откако го освоиле од Татарите кои „дале слаб отпор против руската политичка и религиозна инфилтрација“. Британскиот историчар Орландо Фиџис пишувал за Кримската војна во 1850-та.

Иако е прерано да се каже дали знаците од Русија за деескалација на украинскиот конфликт ќе се покажат како вистинити, забелешките на Путин за помирување по победата на Порошенко на изборите, како и неговите претходни повици до сепаратистите да ги откажат нивните референдуми, и наводното повлекување на трупите од областите во близина на границата, можеби се индикатор дека Русија има мала корист од понатамошната дестаблизација на Украина.

По неколку месеци само декларативна заложба за украинското единство, најбогатиот човек во земјата, Римат Ахметов, јавно ја искажа својата силна подршка за територијалниот интегритет, со изјавата дека изгледите за догледна независна држава на истокот се нула. Работниците во тешката индустрија и во рударството кои работат за него, излегоа на улиците на Мариупољ и насекаде, како знак за осуда на проруските сепаратисти.

Сепак, досега тоа не се покажа како доволно за да се спречи насилството. Непосредно пред изборите на 22 мај, при напад на изгрејсонце на контролен пункт во источна Украина, загинаа најмалку 14 војници. Тешко вооружени милитанти од непознато потекло (има знаци дека сепаратистите не се целонсоно координирани) нападнаа контролен пункт во областа Волновака, недалеку од Доњецк; таа ноќ беа пријавени уште три други напади во источна Украина.

Volunteers for pro-russian forces

Врските на Јанукович

Пред почетокот на украинските антитерористички операции во Доњецк, проруските сепаратисти со балаклави мавтајќи со стапови ги пробија барикадите на „совјетот“, како што се нарекува локалната администрација; сепаратистите заземаа згради. – Некои проруски активисти се најверојатно на платен сисок на поранешниот претседател Виктор Јанукович, исто како и некои локални полициски сили во источна Украина, вели Николај Токарски, заменик на доњецкиот регионален совет и уредник на најголемиот регионален дневен весник, маруиполскиот Пријажовски рабочи. Токарски рече дека делуваат во корист на Јанукович, со благослов од Кремљ.

Во „совјетот“ има група на маскирани мажи, а на ѕидовите има православни икони и знамиња на Доњецк. – Органите на владата во Киев ја водат националисти и ултранационалисти, ми рече човек кој се претстави како секретар за медиуми на „Доњецката Народна Република“, иако одби да ни го каже името и други детали. Но, рече: „Тие (Русија) не ни даваат ни оружје ни пари, добиваме само морална подршка“, и рече дека заземањето на зградата било лесно, затоа што полицијата е на страната на сепаратистите. (Токарски укажа дека полицијата и други органи на локалната самоуправа се уште се под контрола на Јанукович, што објаснува зошто јавните зданија толку лесно беа окупирани од сепаратистите).

Секретарот за медиуми на  „Доњецката Народна Република“ рече дека Јанукович, чии фотографии висат насекаде во јавните згради кои се окупирани од проруските сепаратисти, бил легитимен претседател, сменет во „пуч“. Помошникот на секретарот за медиуми се претстави како Виктор Њечајевски, и бил одговорен за кризен менаџмент во зградата (Неговата секојдневна работа е уредник во непозната интернет фирма). – Не постојат три нации: Русија, Украина и Белорусија, сите се Русија, рече тој, додавајќи дека источна Украина „отсекогаш“ била дел од Русија. – И културно и економски и географски, регионот Донбас е Русија.

Вистинската димензија на сепаратистичкото чувство на истокот е тешко да се дознае. Општата апатија во големите градови во регионот Донбас е спротивставување на погрешното управување и корупцијата во Киев, но не мора да значи дека одразува сецесионизам. Непризнаените референдуми од 11 мај, кои ги организираа проруските сепаратисти во Доњецк и Луганск, ги привлекоа воглавно оние гласачи кои ја подржуваат независноста од Киев или приклучувањето кон Русија, па затоа не мора точно да го одразуваат севкупното сепаратистичко чувство.

Според анкетата на истражувачкиот центар Пју по анексијата на Русија врз Крим, 70 проценти од украинскиот исток рекле дека нивната земја треба да остане обединета, во споредба со 93 проценти од западот и 77 проценти на национално ниво.

Позициите на проруските сепаратисти се посилни онаму каде носталгијата за Советскиот Сојуз е голема, вели Алексеј Макаркин, заменик директор на Центарот за политички технологии во Москва. Јасни знаци за советските симболи на сепаратистичките контролни пунктови и упориштата, го потврдуваат ова.

Ако архитектурата каде што живееме помага да се дефинира нашиот идентитет, не изненадува тоа што проруските милитанти нашле плодна почва во Доњецк, Луганск и во другите градови на истокот, во кои доминираат статуи на Ленин, мурали со револуционерна иконографија и работници со црни беретки и кожни јакни кои биле модерни во СССР во 70-ите, заедно покрај металуршките фабрики со оџаци кои испуштаат чад.

Во Мариупољ, маскиран прорусин во цивилна облека се срамеше да признае дека не чувствувал непријателство од привремеата влада во Киев кон оние кои зборуваат на Руски јазик, што е клучен аргумент кој го кристи Русија против украинската влада. Ми рече дека е вознемирен од „фашистите“ кои рушат статуи на Ленин, иако самиот тој не бил комунист. – Ленин е дел од нашата историја, тие се против нашата историја.

Надвор од барикадите во општината Маруипољ – која сега е исчистена од сепаратисти – мала проруска група пензионери и невработени мажи и жени седат мирно во паркот. Во мал шатор, една жена ми подава леток и рече: „Кога жиеевме во Советскиот Сојуз, сите зборувавме еден јазик“, претпоставувам мислеше на рускиот. Други две средновечни жени рецитираа пофалба за минатите времиња: „Училиштата беа бесплатни и имаше голема медицинска грижа, секоја година имавме бесплатни летувања… дури и домувањето беше бесплатно“. Прашаве една од нив за слободата во советско доба. „Живеевме во комунизам и никој не знаеше дека постои нешто подбро од тоа. Но, исто така никој не го разбираше комунизмот“.

Volunteers for pro-russian forces

Траума од губењето на империјата

Украинската криза е одложен афтершок на колапсот на Советскиот Сојуз. Путин еднаш распадот на Советскиот Сојуз го нарече „најголема геополитичка катастрофа на векот“. Заедно со растурањето на Украина како „квази држава“ која беше нарекувана „Нова Русија“ во царско доба, евидентно е дека неговата политика е притисок за реобнова на СССР. На распадот на СССР му недостигаше легитимност на народно востание или револуција, која ќе го ратификуваше тој колапс. Тоа беше резултат на сиромашната економија и слаба држава која не беше способна да ги издржи реформите со кои нејзиниот тогашен лидер, Михаил Горбачов, имаше намера да ја ревитализира. Токму затоа некои работници и пензионери, одраснати во земја каде немаше невработица, која обезбедуваше бесплатни одмори и станови за живеење, го гледаат нејзиното исчезнување како природна катастрофа, наместо како израз на народната волја.

Андер Аслунд, висок член на Институтот Петерсон за меѓународна економија во Вашингтон, гледа други приччини за акциите на Путин во Украина. – Тоа наликува на политиката на Хитлер кога започна војна во Полска… Тоа беше лингвистички национализам кој Хитлер го спроведуваше во Полска, но Путин го става во империјалистички контекст, нарекувајќи ја Украина „Новорусија“. Тој се плаши од демократизацијата на Украина, затоа што тоа ќе ја намали неговата власт. Неговиото голем меѓународен проект, наречен Евроазија, не успеа, па затоа сега оди на проширување на Руската федерација и на корисење на национализмот… Путин влетува во ќорсокак, но може да причини голема колатерална штета пред и самиот да падне.

Борис Макаренко, претседател со бордот во Центарот за политички технологии, рече: „Ако било кој во дворот на Русија го следи западниот модел и успее, она што ќе произлезе ќе биде непријатно за владејачката класа во Русија“. Сепак и Макаренко гледа подлабоки причини за политиките на Кремљ: – Делумно објаснување на акциите на Русија е траумата од губењето на империјата. Франција страдаше од траумата по губење на Алжир, а Русија не е имуна на болките од губење на поголеми територии.

Поточно објаснување на руските активности во Украина можат да се најдат во анализата од првите денови на Студената војна. – Плановите на Русија се засилени од лекциите од руската историја: векови опскурни војни помеѓу номадските племиња на териториите од огромната необезбедена рамнина, напиша американскиот дипломат Џорџ Кенан во текст со кој се објаснува концептуалната рамка на западната политика во растурањето на Советскиот Сојуз. – Политичките акции на Кремљ се тек кој постоајно се движи, без разлика дали му се дозволува да се движи кон зацртаната цел… Главното е што секогаш ќе има притисок, се поголем постојан притисок, кон посакуваната цел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top