| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџерка избодена во Чаир

noz krv

Млада девојка била избодена со нож во Чаир, вчера вечер кај ТЦ Чаирчанка во населбата, Чаир, но полицијата не ги соопшти причините за нападот.

Според МВР околу 16 часот, на улица Цветан Димов во Скопје, поточно на автобуска постојка кај ТЦ-„Чаирчанка„ на  Х.Ш.(17) и била нанесена повреда  со нож во пределот на  бутот  од левата нога од страна на С.Б.(19) од Скопје, со кого инаку се познавале.

Повредената заради укажување на лекарска помош била пренесена во Градската општа болница„Св.Наум Охридски„ во Скопје.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top