| четврток, 6 декември 2018 |

Попаметна е од Ајнштајн, а има само 13 години (фото)

Никол Бар има само 13 години и живее како чергар. Малечката Ромка патува од едно место во друго и речиси и да не одела на училиште. Многумина би ја отпишале да не случил еден судбински ден.

einstein-formule-tableau-860x645

Никол сега оди на училиште во Есекс во Велика Британија делувала незаинтересирана и била со среден просек, но нејзините наставници забележале дека е талентирана. И дале да полага тест а Менса и откриле дека има поголем коефициент на интелигенција од Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

Таа спаѓа во еден отсто најинтелигентните луѓе на планетата земја. Нејзиниот коефициент на интелигенција е 162, за два поени поголем од оној на Ајнштајн. Девојчето живеело во камп приколка и сите ја отпишале се додека наставниците не го забележале тоа за што нејзината мајка постојано зборувала.

-Нејзината интелигенција отсекогаш била очигледна. Можела да решава математички задачи кога имала две години. Таа вежба математика и ја сака глумата, а во слободно време учи кинески – открила нејзината мајка.

интелигенција

Нејзиниот татко Џејмс (36) работи како чистач и занаетчија кој живее во камп приколка. Живее одвоено од малечката Никол. Тој вели дека  таа е вистинска гордост за ромската заедница.

-Луѓето зборуваат грди работи за Ромите, ја оценуваат книгата според кориците. Мојата мајка вели дека и ние сме луѓе кои прават добри работи – изјавила малата Никол.

Девојчето во кое никој не веруваше сега добила покана од Оксфорд да ги посети. Вели дека сака да студира медицина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top