Кратово вчера вечер беше мало место да ги собере сите посетители на манифестацијата „Кратовски златни денови 2014“. Со настапите на Коки и Тајфата, составот Љубојна и ѕвездите од Х-Фактор, по неколкугодишно отсуство, повторно започна оваа манифестација, која ги враќа туристите во еден од најубавите македонски градови.
Задоволни детски насмевки, преполн плоштад и улички низ чаршијата, беше вчерашната слика. Како вчера, така и во наредните два дена, Кратово ќе биде центарот на музичките случувања во Република Македонија.
Овој е еден од настаните со кои градот почнува да го враќа својот препознатлив сјај и преку забавни содржини, да ги враќа туристите назад во градот со големо историско значење.
Фестивалот е главно инспириран од Европското првенство во тамбури кое ќе се одржи денес, заедно со настапот на составот Оџила. Повторно ќе присуствуваат и дел од ѕвездите од Х-Фактор. Утре пак е ден предвиден за најмладите, со забавни содржини кои ќе бидат главно наменети за оваа возрасна категорија.
Манифестацијата „Кратовски златни денови“ е замислена и како своевидна промоција на убавините на Кратово, па за таа цел и во наредните два дена ќе бидат организирани интересни дополнителни активности за сите посетители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.