Невремето со град и силен ветер што вчера попладне го зафати дојранскиот регион предизвика големи штети, а најмногу е погодено селото Николич.
– Вакво невреме не се памети во селото. Полето е страшно. Се е уништено. Морав со лопата да го чистам градот за да може водата да истече- велат тамошните мештани.
Градот со големина на орев и силниот ветер скоро ги откорнаа покривите на три куќи во селото.
Од општинската комисија за проценка на штетите од невремето соопштија дека деновиве ќе се излезе на терен за да се утврди фактичката состојба според која ќе биде изготвен елаборат за штетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



