| четврток, 6 декември 2018 |

11 жртви, од нив две деца; Бугарија под вода (Видео +Фото)

1Поплавите во соседна Бугарија однесоа 11 жртви. Прогласен е ден на жалост. Бугарскиот весник „Труд“ објави куса репортажа од поплавените региони. Видеото пак покажува како една детска градинка за неполни пет минути се полни со вода. За среќа, објектот бил празен.

Единаесет жртви, меѓу кои две деца, зедoa поплавите во населбата „Аспарух” во Варна, Бугарија. Последното тело е на жена, извадено од нуркачи кај Аспаруховиот мост. Друго тело беше извадено од автомобил кој што водената стихија го одвлечкал до езерото, пишува софискиот весник Труд.

Трагедијата започна во четвртокот околу 19 ч, кога се излеаја милиони литри вода кон станбениот област. Најпогодени од кризата се нелегалните ромски градби. Таму куќите се буквално искорнати заедно со луѓето. Причините за трагедијата се бесправната сеча, запушувањето на каналите со смет и куќите изградени на патот на водата.

Трагедијата предизвика бесни напади меѓу градоначалникот на Варна Иван Портних и првиот човек на полицијата Цветлин Јовчев. Додека, пак, двајцата се обвинуваа, цела Бугарија се обедини да помага на настраданите. До доцна вечерва нуркачи продолжуваа да го претресуваат езерото под “Аспарухов” за жртви.

Бран ја погоди Добруџа

2Незапаметена поплава ги потопи ниските делови на Добрич, две лица загинаа, а трет се сметаше дека исчезнал. Половина град остана без струја, а сиот – без вода. Десетици беа евакуирани во спортската сала на градот во очекување на втора бран. Катастрофата се случи поради огромното количество дожд и релјефот на градот. Под вода останаа десетици автомобили и долните катови на приватни и јавни згради. Околу 150 луѓе се привремено бездомници.

Околу 600 туристи од одморалиштето Албена беа евакуирани. Таму прелеа реката и поткопа темели на хотел. Во спасувањето учествуваа воени камиони и хеликоптери. Прогласена е вонредна состојба во општина Аксаков, како и во неколку села на патот помеѓу Варна и Добрич. Автопатите околу Добрич беа затворени во текот на целиот ден. Штети има на сите патишта на север.

Премиерот Пламен Орешарски, вицепремиерот Цветлин Јовчев и министерот за одбрана Ангел Најденов од Добрич  ветија финансиска и логистичка помош.

Килифарево катастрофи

3Поплавата предизвика вознемиреност во Велико Трново и соседните гратчиња Килифарево и Дебелец. Патот преку преминот Хаинбоаз беше блокиран цело деноноќие. По поројниот дожд во четвртокот вечерта реката Белица се излеа од коритото во Килифарево и поплави дворови, упадна во куќите, повлече паркирани автомобили по улиците и удавија животни. Половина град остана под кал и вода.

Преплашени, луѓето ги напуштаа своите домови и френетично се обидуваа да спасат барем дел од покуќнината. Низ прозорците на становите изнесуваа телевизори, мебел, облека и ги сместуваа во возила.

Над 50 лица беа евакуирани, исселени се над 20 куќи. Дивите води повлекоа огромни стеблата, нивото на реката Белица се покачи 8 метри. Поплавен беше првиот кат на фабрика за машини “Белица”, а пожарникари ја спасија директорката која останала внатре во фабриката.

Околу полноќ реката Јантра излезе од коритото и поплави над 30 куќи во Велико Трново. Жителите беа евакуирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top