И Титовите леви сили на Слободан Угриновски одат на избори. Тие имаат со советнички листи Штип и Куманово. Ова е третата партија од опозициската коалиција која реши да учествува на локалните избори и покрај повикот за бојкот од страна на лидерот на СДСМ, БранкоЦрвенковски.
Покрај Тиовите леви сили и Фијат Цаноски предложи кандидат за градончалник и листа во Маврово Ростуше. Цановски ќе се појави и на изборите во Струга, каде ќе има советници на листата на ДУИ во Струга. Партијата на Драгиша Милетиќ, му го „позејми“ пасошот на Стевчо Јакимовски во Карпош, излезе и со градоначалнички кандидати и советнички листи во Куманово и Старо Нагоричане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.