| четврток, 6 декември 2018 |

ЕХФ го потврди одличниот ракометен рејтинг на Македонија, Вардар доби вајлд карта за настап во ЛШ

Европската ракометна федерација му додели вајлд-карта за учество во Лигата на шампионите на македонскиот вицепрвак Вардар, со што повторно како и лани ќе имаме два преставника во елитата. Металург како шампион на Македонија обезбеди диреткно учество, а ЕХФ дополнително го покани и Вардар да игра во ЛШ. Двете наши екипи лани играа извонредно во елитното клупско натпреварување и стигнаа до четврт-финалето.

ЕХФ, покрај Вардар, ги награди со вајлд-карта и Пик Сегед од Унгарија, Висла Плок од Полска, дански Алборг и ПСЖ од Франција како директни учесници во фазата по групи, а Монпелје од Франција и Јуниор Фасано од Италија ќе мора да играат квалификации.

Барањата на Горење од Словенија и на шведскиот тим Ескилстуна се одбиени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top