За страдањата на животните од Македонија на далеку се слуша и бројни се тие што сакаат да помогнат.
Но, она што вчера пријатно нѐ изненади е иницијативата на моделите од „Викторија сикрет“ да помогнат во собирањето средства зa кутрето Чико од Штип за кого се грижиме; куче со скршен ‘рбет и траен инвалид за кого се собираат средства за да му се купи количка со која, сепак, ќе може среќно да живее.
Но, она што вчера пријатно нѐ изненади е иницијативата на моделите од „Викторија сикрет“ да помогнат во собирањето средства зa кутрето Чико од Штип за кого се грижиме; куче со скршен ‘рбет и траен инвалид за кого се собираат средства за да му се купи количка со која, сепак, ќе може среќно да живее.
На официјалната фејсбук страница на Викторија Сикрет (Victoria Secret Angels ) која изобилува исклучиво со фотографии на најубавите светски модели и манекенки, од вчера воочлива е фотографијата на Чико со објава „Ние дониравме – а вие? “ и информации за можностите како да се донира. И токму прва донација за Чико е донацијата од овие манекенки кои не информираа дека и понатаму ќе се организираат да помогнат.
Кој е Чико? Чико е младо кутре осакатено од човек и оставено на улица да умре во тешки маки. По дојави од луѓе најден е во искучително тешка ситуација, префрлен во Скопје, во ординацијата на д-р Марин каде го превземавме и каде за него секојдневно се грижат Силвана, Мирјана и Мими, Мишела, Тамара, Ана, Весна,Бранкица кои се неуморни борци за права на животните и старатели за уште многу животни како него. За Чико и неговите пријатели собираме средства за да се купат ортопедски помагала (колички за хендикепирани кучиња) , обезбеди лекување и престој, што за нив значи единствена шанса за живот.
Затоа посочуваме дека секој може да помогне и донира, и дека и најмала помош прави голема разлика за Чико и таквите како него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.