| четврток, 6 декември 2018 |

Исламист со македонски пасош ќе се бори во Ирак (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видеоснимка на припадници на исламистички организации кои се борат за „ослободување“ на Ирак и на Сирија. Командантот на оваа екстремна исламистичка организација, кој е Албанец, изјавува дека ќе ги покори Ерусалим и Рим.

irak-vojnik

Главниот говорник со мачета во рацете и пасош на Косово во еден момент ги повикал насобраните да ги искинат пасошите и да ги фрлат на земја бидејќи од каде и да доаѓаат сите се еднакви пред Бога.

Во нивна позадина се вее знамето на оваа екстремистичка организација.

Од почетокот на судирите во Сирија пред три години медиумите известуваа за заминувањето на млади од Нови Пазар во редовите на „Исламската армија во Ирак и Левант ИСИЛ“ и според неофицијални информации во ова воена формација се борат околу 150 косовски Албанци кои ги нарекуваат „Ал Косово“.

Според информациите кои ги има српскиот весник „Правда“, Албанецот што говори на снимката е Лавдрим Мухаџири, којшто командува со албанските доброволци во Сирија.

Лавдрим Мухаџири познат уште како командант Мухаџири две години работел за НАТО во Аваганистан, а по враќањето во Косово ја формира организацијата „Муслиманска младина Качаник“, во која се назначил за емир, односно лидер на военото крило на организацијата.

irak

Двајца припадници на организацијата, Хетем Дема и Кјану Мјаку Емин, загинаа на почетокот на јануари во близина на сирискиот град Алепо во судир со други сириски бунтовнички фракции.

Мухаџири се приклучил на војната во Сирија, како припадник на Ал Каида во 2012 година, а на Косово се вратил една година подоцна. Тој на Косово престојувал до 2013 година, кога повторно се вратил во Сирија каде што станал главен командант на албанските доброволци.

На снимката се гледа и македонски државјанин како заедно со своите соборци го пали својот пасош бидејќи, како што велат, сите борци се еднакви пред Бога без разлика од каде доаѓаат и се борат за исти идеи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top