| четврток, 6 декември 2018 |

Јанез Јанша оди в затвор

janez-jansa-1328585176-96373

Поранешниот словенечки премиер и лидер на опозициската Словенечка демократска партија (СДС), Јанез Јанша денеска попладне треба да се јави на издржување на двегодишната затворска казна, на која е осуден поради земање поткуп во случајот „Патрија“, а како што е најавено, тој до затворот ќе биде испратен од своите приврзаници.

Оваа правосудна пресуда може да ја укине само Врховниот суд, до кој Јанша поднел жалба, но оваа институција сè уште нема донесено одлука.

Медиумите јавуваат дека организацијата за испраќањето на Јанша до затворот ја преземал поранешниот шеф на воената разузнавачка служба, Дамир Чрнчец.

Управата за извршување затворски казни соопшти дека на Јанша, како и на другите затвореници, ќе му бидат гарантирани основните човекови права и слободи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top