| четврток, 6 декември 2018 |

Анализа: Гордан во евроинтеграции, Зечевиќ во МВР, Пановски во здравство – влада во сенка на СДСМ

sdsm

„Република“ направи анализа на владата во сенка на СДСМ, во која се вклучени и членови на сестринските партии во опозицијата. Според проценките на „Република“, постојат места за кои би се биеле копјата.
Премиер: Зоран Заев
Генерален секретар на Влада: Петре Шилегов
Портпарол: Сафет Бишевац
Вицепремиер за евроинтеграции: Лидија Димова, Маринела Тушева, Гордан Георгиев
Вицепремиер за економски прашања: Ристо Пенов
Министер за надворешни работи: Радмила Шекеринска, Владимир Милчин, Стево Пендаровски
Министер за внатрешни работи: Миле Зечевиќ, Фросина Ременски, Мирјана Најчевска
Министер за финансии: Ванчо Узунов
Министер за правда: Рената Десковска, Ана Павлова Данева
Министер за економија: Кире Наумов
Министер за транспорт и врски: Јани Макрадули, Дамјан Манчевски
Министер за здравство: Златко Пановски, Никола Пановски
Министер за животна средина: Зоран Шапуриќ
Министер за култура: Благоја Стефановски, Ѓунер Исмаил (заменик Сафет Бишевац)
Министер за одбрана: Горан Мисовски, Стево Пендаровски
Министер за земјоделство: Ленче Николовска, Виктор Божиновски
Министер за информатичко општество и администрација: Борче Давитковски
Министер за исполнување на рамковен договор: Едмонд Адеми
Министер за локална самоуправа: Ацо Петрески, Зоран Дамјановски- Циц
Министер за образование: Петар Арсовски
Министер за труд и социјална политика: Митко Јованов, Соња Мираковска

Во листата, која е направена во консултација со повеќемина членови, симпатизери и аналитичари, се спомнуваат и други имиња, но овие беа најчести. Не може да се изостави дека постоело и пристрасност и „навивање“. Изненади што покрај местата за влада во сенка беа споменувани и некои директорски, но и важни места во општеството „во сенка“. Така, како прв човек на ДБК во сенка се гледа Есад Рахиќ, но и Миле Зечевиќ; на Агенција за телекомуникации: Јани Макрадули или Дамјан Манчевски; УЈП: Петар Гошев, Зоран Јовановски; Царина: Ило Илоски; Преговарач за името во сенка Љубомир Данаилов Фрчкоски; додека за прв човек на МРТ се посочува Сашо Ордановски, а во информативниот сектор на МРТ- Саше Ивановски.

Целосната анализа можете да ја прочитате во најновиот број на Република што од денеска, 20 јуни е во продажба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top