Десетици куќи се поплавени како последица на поројните дождови што во последните 12 часа го зафатија округот Констанца во Романија, каде што на
некои места наврнале над 90 литри на квадратен метар.
Поплавени се и земјоделски површини, а причинета е штета на патната инфраструктура во округот.
До 20 часот денеска за Констанца важи предупредувањето за зголемена опасност од поплави, бидејќи се очекуваат поројни дождови, засилен ветер и наместа град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.