| четврток, 6 декември 2018 |

Со голи гради пред Папата

Активисти на Фемин, бранители на женските права и хомосексуалците, денеска се соблекоа во знак на протест против ставовите на Католичката црква

FEMENX_547228S0Наместо со раце, активистки на движењето Фемен му мафтале на Папата со голи гради. Провокацијата брзо свлекување на горниот дел од облеката ја направиле на плоштадот Свети Павле во Ватикан, протестирајќи на тој начин против ставовите на Католичката црква.

Активистите на Фемен сметаат дека иднината на човештвото не е загрозена од хомосексуалните бракови туку, како што велат, од религискиот фашизам.

Протестот на ладното време траел неколку минути, бидејќи учесниците биле набрзо приведени од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top