Богаташ од Тексас, Рон Стуржен, толку многу ги сака своите три кучиња, Вили, Ленс и Дикси, што планира да ги именува како единствени наследници на својот имот вреден 75 милиони долари.
– Во семејството се зборува дека целото богатство ќе им го остави на своите проклети кучиња – вели еден од синовите на Стуржен.
Шпаниелите, кои живеат во луксузна вила, имаат кралски третман. Јадат само најскапа и најквалитетна храна, а нивниот сопственик дури им отворил профили на социјалните мрежи.
За Вили, Ленс и Дикси да остават подобар впечаток на корисниците на интернет, нивните профили ги раководи консултант за социјални медиуми, Џош Дејвис, кој за тоа е платен по 45 долари на час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.