Двесет ишестгодишната Лејси Спирс, од округот Вестчестер во сојузната американска држава Њујорк, ги користела социјалните медиуми и блоговите за објавување на информации за здравствените проблеми на нејзиниот син Гарнет.
Спирс на својот блог напишала дека Гарнет морал да оди 23 пати во болница во првата година од неговиот живот, сé до јануари оваа година, кога петгодишното момче починало во болница во Вестчестер, по инјектирано смртоносно количество на натриум.
Полицијата ги истражила натписите на мајката и соопштила дека Спирс не му помагала на нејзиниот болен син, туку дека го отрула за да ги придобие симпатиите и вниманието кај јавноста, пишува Time.
Инаку, мајката најверојатно страда од синдром на Минхаузен, што претставува ментално нарушување кога лицето измислува или индицира болест на други лица за да добие пофалби и восхитување кога жртвите ќе укажат на помошта и грижата.
Спирс пред два дена им се предала на властите и се изјаснила дека не е виновна за смртта на нејзиниот син.
Обвинителите велат дека мајката на интернет читала за ефектите што би можел натриумот да ги има на здравјето на нејзиниот син, пред да го одведе во болница поради наводен напад на 17-ти јануари.
Момчето починало шест дена подоцна. Постои сомневање дека Спирс го усмртила синот со фатална доза која му ја вбризгала во телото преку цевчето за хранење додека лежел во болница.
Time наведува дека мајката молчела кога била изведена пред судот.
„Не покажа ниту една емоција. Мислам дека предвидела што ќе се случи и се предала на полицијата заедно со адвокат”, рекол шефот на полицијата во Вестчестер, Кристофер Калабрезе.
Спирс повторно ќе се појави пред судот на 2-ри јули. Доколку ја прогласат за виновна ја чекаат 25 години затвор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија