Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов го прими Претседателот на Владата, Никола Груевски и му го честиташе изборот на новиот состав на Владата на Република Македонија и му посака успех во работата.
Претходно во четвртокот пратениците во Собранието на Република Македонија во со 77 гласа „за” и шест „против” ја избра новата Влада, чиј премиер е Никола Груевски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ .
На изборите кои се одржаа на 27-ми април годинава, со убедлива победа Ѓорге Иванов стана првиот македонски претседател избран во повторен мандат. Иванов во вториот круг освои 534.910 илјади гласови, наспроти неговиот противкандидат истакнат од најголемата опозициска партија СДСМ, Стево Пендаровски кој освои 398.077 гласови.
Партијата што го кандидираше Иванов, пак, ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски, којашто ја предводи коалицијата За подобра Македонија, надмоќно победи на предвремените парламентарни избори кои се совпаднаа со вториот круг од претседателските избори, освојувајќи 61 мандат, пред СДСМ кој освои 34 пратеници, но партијата, со исклучок на Роза Топузоска Каревска од коалицискиот партнер Либерално-демократската партија, реши да ги врати мандатите.
Во коалицијата којашто ја сочинува владата партиципира и најголемата партија на Албанците во Македонија – Демократската унија за интеграција (ДУИ), којашто има 19 мандати во Собранието
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.