Во централното градско подрачје на Куманово во изминатите четири дена се заловени 50-ина кучиња скитници во рамки на акцијата за таа намена од страна на стручни екипи. Кучињата ги заловуваат стручни екипи од ветеринарниот центар. Потоа се носат на прифатлиште лоцирано во кумановското село Четирце, кое ги исполнува сите законски стандарди.
Кучињата кои се заловуваат се чуваат триесет дена во прифатилиштето, а по извршениот третман се враќаат на локација каде што се заловени. Кумановци редовно го информираат секторот за инспекциски надзор за присусутво на кучиња скитници во одредени делови од градот. Заинтересираните граѓани, пак, може да си водмат куче од центарот за прифатилиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.