| четврток, 6 декември 2018 |

101 година од Тиквешкото востание

800px-Yordan_Spasov_-_belite_Petar_Yurukov_-_cherniКавадарци денеска одбележа 101 година од Тиквешкото востание. Со востанието, тиквешкиот народ се кренал против српската власт, која ја окупирала Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна.

– Востанието траело седум дена. За тоа време биле избрани градска управа и извршна власт, а на општинската зграда се виорело тиквешкото револуционерно знаме, кое претходно се веело и пред Илинденското востание. Со сигурност се знаат имињата на над 500 тиквешани од Неготинско и Кавадаречко, кои биле убиени при задушувањето на востанието. Сепак, неофицијалната бројка на загинати која се споменува во записи од тоа време е околу илјада – рече Петре Камчевски, директор на Музејот од Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top