| четврток, 6 декември 2018 |

Расмунсен: Руската војска повторно на границата со Украина

rasmusenГенералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмунсен изјави денеска дека руските сили повторно се распоредуваат на источната украинска граница што тој го нарече разочарувачки чекор назад.

– Сега гледаме ново зголемување на бројот на руски војници околу украинската граница. Најмалку неколку илјади дополнителни руски војници се распоредени, изјави Расмунсен во Лондон.

Тој тоа го оквалификува како „многу разочарувачки чекор назад“.

– Изгледа дека Русија држи отворена опција за интервенција во Украина. Меѓународната заедница би требало да одговори непоколебливо ако Русија интервенира во Украина, изјави Расмунсен.

Тој предупреди дека тоа би значело воведување економски санкции од поширок обем против Русија што ќе имаат „големо штетно влијание врз руската економија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top