| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ: Кој и да формира влада во Косово да продолжи со дијалогот со Белград

srbija-kosovo-znameКабинетот на високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон, наведе денеска дека кој и да формира влада во Косово, ЕУ очекува од нив да продолжат со дијалогот со Белград и воедно, да спроведува постигнати договори.

– Очекуваме новите власти во Приштина да продолжат со дијалогот и имплементација на Договорот од 19 април 2013 година, изјави портпаролот Маја Коцијачич за весникот.

Иако еден од условите на Самоопределување е дијалогот со Србија да се стави во мирување, кандидатот на ДПК и АИК за косовски премиер Рамуш Харадинај изјави дека дијалогот ќе продолжи.

– Дијалогот со Белград нема да прекине. Напротив, треба да се види што може да добиеме од тој дијалог, изјави тој за приштинскиот весник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top