| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Центар ќе порача анализа за стабилноста на тлото на Водно

svleciste

Децата во градинката Кочо Рацин – клон Панорама не се во никаква опасност, општина Центар почна да го отстранува урнатиот потпорен ѕид, а ќе го отстрани и оној кој не е паднат, но е веќе напукнат.

Тоа го истакна денеска на прес-конференција градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, истакнувајќи дека потпорниот ѕид се урнал во раните утрински часови кога се уште немало деца во градинката.

Според Жерновски, Водно веќе не може да ја издржи градежната експанзија и е со изменета структура,  а причина се „деталните урбанистички планови за територијата на општина Центар донесени во последните 13 години“.

– Општина Центар ќе преземе конкретни мерки да го стопира ова. Општина Центар затоа ќе порача стручна анализа на универзитетско ниво на планови и истражувања за гео-механичката стабилност на тлото.  Општината, до изработка на анализите, ќе ја ограничи градбата во критичните зони и ќе се преиспита постојната спратност, најави Жерновски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top