| четврток, 6 декември 2018 |

„Јутјуб“ ќе ги блокира независните изведувачи

„Гугл“ најави дека ќе ги блокира содржините на независните изведувачи ако не се согласат со новите правила на пребарувачот.

youtube

„Гугл“ им направи многу проблеми на независните изведувачи кои своите снимени содржини ги објавуваат на „Јутјуб“. Видеосервисот „Јутјуб“ е во сопственост на „Гугл“ од 2006 година. „Гугл“ најави дека ќе ги блокира содржините на независните изведувачи ако не се согласат со новите правила на пребарувачот. Конкретно, проблемот е во новиот сервис за преслушување музика со кој корисниците ќе мора да плаќаат за слушање на музиката, односно за гледање видеа без оглас. Ако независните изведувачи не се согласат со овој нов сервис, целата нивна содржина на „Јутјуб“ ќе биде блокирана.

„Јутјуб“ тврди дека веќе се потпишани договори со продуцентските куќи кои покриваат 90 проценти од музичката индустрија. Независните изведувачи не се согласуваат со тоа. Нивната агенција за лиценцирање „Мерлин“ проценува дека тие вкупно покриваат 32,6 отсто од продажбата во музичката индустрија. Според нив, „Јутјуб“ со оваа постапка „оди во пропаст“, затоа што само мал дел од изведувачите ќе се согласат со нивните договори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top