| четврток, 6 декември 2018 |

Исламисти брутално убиле пакистанска пејачка (ВИДЕО)

Популарната пејачка Мускан Гулмар (38) била убиена во северозападниот пакистански град Пешевар, а тоа е последниот во низата напади на жени кои се занимаваат со некој вид уметност, соопштила денеска пакистанската полиција.

pejacka-630x457

Гулмар, позната под уметничкото име Мускан, била застрелана од четири вооружени мажи вчера во нејзиниот дом, а од здобиените рани починала во болница, пренесуваат агенциите.

– Таа трипати се мажеше и имаше некои лични непријателства – навела полицијата.

Нападите на пејачките се чести во конзервативната пакистанска провинција Кибер-Пактунква, каде што многу луѓе сметаат дека занимавањето со уметност не е во склад со исламот.

Младата, 18-годишна актерка Бушра се здобила со изгореници во јуни минатата година, кога на неа била фрлена киселина додека спиела во својот дом во градот Ношер, на 150 километри северозападно од Исламабад.

Пред две години била убиена уште една популарна пакистанска пејачка, 24-годишната Газала Џавед, која била застрелана кога излегувала од салон за убавина во Пешевар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top