| четврток, 6 декември 2018 |

Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс, после разводот, љубовта цвета

кети

Иако првобитно ставија точка на својот брак, Кетрин и Мајкл, сфатија дека сепак љубовта е појака од се. Популарната актерска двојка го занемари разводот и ужива во љубовта како на почеток на врската.

– Некогаш се трудиме околу странци повеќе отколку за најблиските, а се само за да оставиме подобар впечаток – рекол Мајкл за УС Магазинот и додал како најблиските не треба да ги земаме здраво за готово.

Познатиот актер и неговата сопруга во август минатата година објавија дека после 13 години брак се разведуваат, а во април оваа година заедно се појавија на црвениот тепих, со што јавно потврдиле дека ги решиле брачните проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top