Возачот на Формула 1 и момче на Никол Шерзингер, Луис Хамилтон се пофали со извајани мускули.
По трката во Канада, Луис направи селфи фотографија како вежба во теретана, покажувајќи ги своите тетоважи.
– Напорно вежбав подготвувајќи се за трката. Сега имам 67 килограми, а минатата година имав 73 килограми – напиша Хамилтон под објавената фотографија.
Луис и Никол веќе неколку години се во врска и важат за една од најсексапилните двојки во светскиот џет сет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




