| четврток, 6 декември 2018 |

Поетски карван „Почувствувај ја Македонија“ – нов проект на Друштвото на писателите

Шеесет поети ќе учествуваат во проектот „Почувствувај ја Македонија“, со што Друштвото на писателите ги обновува некогашните поетски карвани со цел афирмација и доближување на литературното творештво до читателите. Почнувајќи од 22 јуни, до крајот на годинава, поетите ќе настапуваат пред љубителите на пишаниот збор во повеќе градови од земјата, меѓу кои Дебар, Охрид, Велес, Прлеп, Куманово, Гостивар, Битола, Неготино, Струмица, Виница и Штип. Средбите ќе се одржуваат на неконвенционален начин, на отворен простор, и ќе бидат во функција на запознавање со природните убавини, историските знаменитости и духовните светилишта. Во рамките на проектот „Почувствувај ја Македонија“ на 22 јуни, на брегот на Дебарско Езеро ќе настапат Стојан Тарапуза, Виолета Танчева-Златева, Ирена Павлова де Одорико и Миле Јовановски Поречанец.

 

           

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top