| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ со реакција за пешачењето на Заев до Грција – кој и зошто го следи Зоран Заев?

SDSM 18ti kongres 05 (Custom)

Текстот објавен во дневниот весник „Дневник“, со наслов „Зошто Заев оди пеш за Грција наместо со автомобилот од 80.000 евра?“, потпишан од главниот и одговорен уредник, Дарко Јаневски, отвора сериозни прашања кои бараат прецизни и јасни одговори. Како е можно информации за слободното движење на граѓанин на Република Македонија, кои се директна повреда на правото на приватност, да бидат објавени во дневен весник? – реагира СДСМ.

Тие прашуваат кој и зошто го следи Зоран Заев? Со чиj налог и каква цел? Дали Зоран Заев е под постојан мониторинг, каде и да оди?

Тие нагласуваат дека Општина Струмица е збратимена со три општини од соседна Република Грција, а во Општина Струмица имало бројни инвеститори од оваа држава, актуелни и потенцијални, кои се од значење за економскиот развој на општината.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top