| четврток, 6 декември 2018 |

Запленета половина тон марихуана во Грција

maraВо две одделени акции спроведени во еден ден, грчката полиција на подрачјето на Игуменица заплени околу половина тон марихуана по потекло од Албанија.

Во акцијата во месноста Сајаде, во реонот на границата кон Албанија, грчката полиција запленила околу 340 килограми марихуана натоварена во мал камион кој превезувало сточна храна. При акцијата се уапсени тројца грчки државјани, на возраст од 25, 26 и 30 години, додека полицијата се уште трага по двајца албански државјани.

Претходно во возило на грчкото Министертвото за правда грчката полиција кај Неа Селефкиа близу Игуменица заплени 149 килограми албанска марихуана. Уапсен е 48-годишен Грк, вработен во Јавното обвинителство во Атина.

Како што јавува МИА од Тирана, по зглемената контрола од страна на полициите на двете земји и неуспешните обиди на алабнските нарко-дилери да шверцуваат мархуана од Албанија во Грција, сега се почесто во улога на траспортери на дрогата се јавуваат грчки државјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top