| четврток, 6 декември 2018 |

Момче од Кавадарци се фрлило од поткровје и починало

Младо момче денес се фрлило од поткровје во Кавадарци и починало.

Портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска потврди дека има таков настан во Кавадарци, но дека повеќе детали не можат да се кажат засега оти полициска екипа била на увид на лице место, пишува Дневник.

Од службата за итна медицинска помош при здравствениот дом во Кавадарци пак, за Дневник кажале дека момчето родено 1979 година се фрлило од поткровјето на сопствениот дом близу центарот на градот.

Кога тие отишле на самото место, момчето не покажувало знаци на живот, додава Дневник. Се обиделе да го реанимираат на самото место и во кавадаречката општа болница, но без успех, момчето починало.

Телото е предадено на обдукција за да се видат вистинските причини за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top