Семејството Писториус, барем кога се работи за помладите машки членови, има историја на невнимание и насилство врз жени, која за жал за жал неретко имала и трагичен епилог.
Ова оттаму што британските медиуми успеаја да „ископаат“оти родениот брат на Оскар, Карл Писториус, во 2010-та исто така бил осомничен за убиство на жена. Тој учествувал во сообраќајна несреќа во Велика Британија, во која животот го загубила девојка на мотоцикл. Бил подложен на алко-тест, кој бил негативен и Карл завршил на слобода.
Тој се појавуваше на судењето на неговиот брат, параолимпиецот Оскар, кој е обвинет за убиство на својата девојка Рива Стинкамп. Беше и на рочиштето на кое судот му одобри на атлетичарот да се брани од слобода, со кауција во износ од 74 илјади долари.
Ден по оваа одлука на јужноафриканскиот суд, семејството Писториус и Оскар, пратиле два букета цвеќе на гробот на покојната Рива Стинкамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка