| четврток, 6 декември 2018 |

Кина преголем залак за Македонија

Фудбалската репрезентација на Кина ја победи Македонија во пријателски меч со 2-0, со два погодоци во второто полувреме. Селекторот Бошко Ѓуровски главно ги тестираше играчите од домашното првенство, но не успеавме да го минеме кинескиот ѕид и претрпевме пораз. Ју Ханкао стрелаше прецизно во 55. минута, а Гао Ди ја потврди победата на Кина во 89. минута.

Ова е трет пријателски натпревар по ред во кој македонската репрезентација не постигнува гол. Не успеавме да ја затресеме мрежата ниту Против Камерун, ни со Катар, а овојпат мируваше мрежата и на голманот на Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top