| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот „Скрипт-фест“ му додели специјална награда на Раде Шербеџија

Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест 2014“ ќе се одржи на 25 и 26 јуни во Културниот центар „Феникс“ во Скопје. Организатор е Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент“ од Скопје. Фестивалот годинава се одржува третпат, а ќе го отвори проф. д-р Александар Прокопиев од Институтот за македонска литература – Скопје. Ќе бидат врачени и наградите на годинашните добитници, „Скрипт феникс“ на м-р Константин Плевнеш од Универзитетот ЕСРА Скопје-Париз-Њујорк за развој на филмската култура, „Скрипт презент“ на Сунчица Уневска од „Утрински весник“ за долгогодишен придонес во филмската уметност, „Скрипт фест“ на авторот Кузман Клековски за неговиот ангажман и придонес на планот на филмот.

Специјално признание, наградата „Скрипт мост“ ќе му биде доделена на Раде Шербеџија за врвни и осведочени филмски остварувања и вредности.

За темата „Филмското сценарио денес – помеѓу желбите и реалностите“, ќе говори доц. д-р Христо Петрески. Ќе бидат прикажани повеќе краткометражни и документарни филмови, а ќе биде организирана и промоција на филмски изданија од Нишкиот културен центар и издавачките куќи „Феникс“ и „Маска“ од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top