| четврток, 6 декември 2018 |

Хашим Тачи подготвувал чистка

hasim-taci-Косовскиот премиер Хашим Тачи подготвува сценарио за смена на сопартиецот и претседател на косовскиот Парламент, Јакуп Красниќи, тврди приштинскиот дневен весник „Бота сот“. Тачи е лидер на Демократската партија на Косово (ПДК), а заедно со неговите приврзаници подготвуваат за, како се пренесува весникот, „сечење на глави во редовите на ПДК и острат сабја  и за  Јакуп Красниќи“.

– Во деновите што следуваат се очекуваат драматични случувања во Парламентот на Косово. Поранешните сопартијци се обидуваат да го разапнат на крст Јакуп Красниќи. Тоа не значи дека тој ќе ја доживее судбината на Исус Христос, туку Хашим Тачи и неговите приврзаници само острат сабја да му ја скратат власта на Јакуп Красниќи, пишува „Бота сот“.

Нетрпеливоста меѓу Тачи и Красниќи, што постои подолг период, резултираше со најавата на спикерот на Парламентот за напуштање на ПДК и за формирање нова партија. Во спроведување на ваквата идеја Красниќи доби поддршка од влијателнито семејство на легендарниот командант на ОВК, Адем Јашари, како и од поранешниот министер за транспорт и хашки затвореник Фатмир Лимај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top