| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски и остави простор на опозицијата за политички дијалог

Седницата на Собранието на Македонија на која денеска требаше да бидат констатирани оставките на пратеници од опозицијата, претседателот на парламентот Трајко Вељаноски ја одложи на неопределено време.

trajko-veljanovski

 

Отворајќи ја четвртата седница на парламентот по изборите, Вељаноски повика на потребата од политички дијалог меѓу партиите заради, како што рече, државните интереси.

– Македонија е држава со цврста определба за натамошен демократски развој. Уверен сум дека оваа национална цел е определба на сите пратеници, без оглед дали се присутни на седеницата или се надвор од парламентот. Во таа смисла, длабоко свесен за интересите на државата, како претседател на законодавниот дом, одлучлив да оставам простор за натамошен развој на политичкиотдијалог и разбирањето меѓу партиите. Македонија мора да продолжи со силно темпо да ги реализира целите за натамошен рзвој на односите со ЕУ и НАТО, без оглед на политичките разлики, а тоа мора да сториме заедно и сплотени. Затоа, ја прекинувам седницата на која треба да ги констатираме оставките на наши колеги пратеници, за продолжението ќе бидете дополнително известени – рече претседателот на Собранието, Трајко  Вељаноски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top