Швеѓанец го задавил својот 18-годишен син во автомобил во камп близу гратчето Барсебек. Потоа заминал од местото на настанот и планирал да си го одземе животот, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Пет часа подоцна полицијата го уапсила таткото, кој не стигнал многу далеку и се оддалечил само неколку километри на патот меѓу Хелсингборг и Ландскрона.
Општинскиот суд во Лунд денеска го осуди за убиство сторителот, кој го признал делото, така што ќе биде присилно сместен во психијатриска установа со посебни услови за испитување на можностите за понатамошно евентуално лекување .
Таткото (47) бил погоден од сериозно психичко растројство, како при извршувањето на убиството така и подоцна при судско-медицинската експертиза. Тој во истрагата зборувал за депресијата на неговиот син, при што рекол дека го извршил убиството за да го спаси синот од тешките психички измачувања, пишува „Хелсингборг дагбладет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија



