| четврток, 6 декември 2018 |

Операта „Слугинка господарка“ вечерва во МОБ

Вечерва во 20 часот, на Малата сцена во Македонската опера и балет ќе биде изведена комичната камерна опера “Слугинка Господарка“ која неодамна ја имаше својата премиера.

Операта „Слугинка Господарка“ од Џовани Батиста Перголези е копродукциски проект чија цел е да ја приближи камерната комична опера на љубителите на овој жанр. Проектот е во режија на Трајко Јордановски.

Ќе настапи млада солистичка екипа: Анѓелка Гајтановска, Марија Наумовска, Симона Чакарјанева, Невен Силјановски, Кристијан Антовски, Андреј Наунов и Никола Стојчевски придружувани од камерниот оркестар на МОБ. Диригент – Иван Еминович.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top