Босанскиот поет и филмски сценарист Абдулах Сидран ќе биде прогласен за Почесен поет на Скопје, на меѓународната манифестација „Празник на липите“ што ќе се одржи на 24 јуни во Друштвото на писателите на Македонија. Почесното признание на Абдулах Сидран ќе му го предаде градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, кој е покровител на манифестацијата „Празник на липите“.
Абдулах Сидран е автор на богат поетски опус во кој значајно место заземаат стихозбирките „Сараевска збирка“, „Болест од душата“ и „Песни после војната“. Добитник е на повеќе книжевни признанија во Босна и Херцеговина и во светот. Еден е од најзначајните современи филмски сценаристи. Познати се неговите филмови „Се сеќаваш ли Доли Бел“ и „Татко на службен пат“, во режија на Емир Костурица.
Абдулах Сидран и македонскиот поет Бранко Цветкоски се годинашни добитници на наградата за творечки опус „Книжевен жезол“. Ова признание до сега го добија истакнати странски автори, меѓу кои: Вјачеслав Купријанов од Русија, Иво Одехнал од Чешка, Жак Гошрон од Франција, Адам Пуслоиќ од Србија, Анте Стамаќ од Хрватска, Марјан Гжешчак од Полска, како и македонските поети Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Јован Павловски, Катица Ќулавкова и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија