Околу 5.000 Иранци се пријавиле како доброволци за да ги заштитат шиитските култни места во Ирак по офанзивата на џихадистите од Исламска држава во Ирак и Левант, објавија иранските медиуми.
Доброволците се пријавуваат по повикот на организацијата Народен генерален штаб за заштитници на шиитските свети места. Доброволците можат да се пријават на интернет-страница наречена „свети места на шиитите“, а пријава може да се испрати и преку СМС.
Ако иранскиот духовен лидер ајатолахот Али Хамнеи им издаде наредба, Иранците ќе се упатат кон Ирак, каде има многу свети шиитски места од Наџаф до Кербала, јужно од Багдад и во Самара, северно од Багдад.
Големиот ајатолах на Ирак, Али ал Систани вчера ги повика Ирачаните да и се придружат на армијата во борбата против припадниците на Исламска држава во Ирак и Левант.
Иран, каде поголемиот дел од населението се шиити, ја поддржува Владата на ирачкиот премиер Нури ал Малики, кој исто така е шиит. Техеран вети помош за Ирак ако Багдад официјално испрати барање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.